Состојбата со Ковид-19 кризата - ставови на јавноста - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Состојбата со Ковид-19 кризата - ставови на јавноста PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Јасмина Михаиловска, Фанија Ивановска, Александар Кржаловски
Дата: јуни 2020
PDF: sostojba-so-kovid-krizata.pdf

sostojba so kovid krizata prv delСостојбата со Ковид-19 кризата беше причина МЦМС да ги провери ставовите на граѓаните во однос на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), предизвикувач на болеста - Ковид 19. Истражувањето е составено од три дела, а во првиот дел  обработени се прашањата поврзани со: загриженоста за моменталната состојба во однос на ковид-19 кризата, ставовите во однос на потеклото на вирусот корона и ковид-19 и влијанието на ситуацијата со корона вирусот врз работниот процес.

Според истражувањето,  големо мнозинство, односно 71,3% од граѓаните се изјасниле дека се загрижени кога размислуваат за моменталната состојба во светот и земјата во однос на новиот корона вирус и Ковид-19 кризата, а мало малцинство (28,5%) рекле дека не се загрижени. Мнозинство од граѓаните (60%) се загрижени дека тие лично ќе се заразат со корона вирусот. Граѓаните се поделени околу степенот на загриженост за тоа дека можеби без да знаат го имаат и го шират вирусот Ковид-19 (48,8% од нив одговориле дека се загрижени дека без знаење го шират вирусот, а 45,5% одговориле дека не се загрижени).

Вкупно 42,7% од граѓаните, водејќи се од она што до сега го чуле или виделе, сметаат дека корона вирусот (Ковид-19) е излезен од лабораторија со намера, а дополнителни 6,0% сметаат дека вирусот е излезен од лабораторија, но по грешка.

Мнозинство од испитаниците, односно 59,1% одговориле дека во моментов работат од работното место, 22,0% одговориле дека се на принуден одмор, а 17,8% одговориле дека работат од дома. Големо мнозинство (80,0%) од испитаниците одговориле дека работното место им е сигурно. Слично, големо мнозинство (76,2%) од испитаниците одговориле дека се сигурни во однос на приходите на нивното работно место. Сепак, големо мнозинство од нив сметаат дека многу луѓе ќе го изгубат работното место поради вирусот (79,3%).

reflektor anketa kovid19

 

mcms ekonomija kovid anketa

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve