Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на јавноста - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на јавноста PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Според „Законот за спречување на корупцијата“, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е специјализирана антикорупциски независна институција. Нејзините надлежности се поврзани со процесот на креирање на политики, следење и надзор, како и соработка со другите државни органи со цел спречување на корупцијата. Иако резултатите од различни испитувања на јавното мислење покажуваат дека граѓаните ја препознаваат ДКСК како главна антикорупциска институција, сепак се чини дека нејзината улога не им е во целост позната на граѓаните и јавната доверба во ДКСК е намалена. 

Општата цел на проектот е да се придонесе во зголемување на транспарентноста, отчетноста и подигање на јавната свест за ефектите од работата на ДКСК.

Целта на проектот е да се следи дали и како ДКСК ги спроведува нејзините законските обврски и каква и колкава е нејзината транспарентноста и отчетноста во борбата против корупцијата.

Целна група се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се Државна комисија за спречување на корупцијата, граѓанските организации членки на Платформата за борба против корупцијата, Специјалното јавно обвинителство, Управата за јавни приходи, медиумите и пошироката јавност. Целно подрачје е територија на Република Македонија.

Очекувани резултати нa проектот се:

  1. Развиена методологија и матрица со индикатори за следење на транспарентноста, одговорноста и ефикасноста на ДКСК и нејзината ефикасност во борбата против корупцијата
  2. Воспоставен механизам за следење на транспарентноста, отчетноста, ефикасноста и ефективноста на ДКСК.
  3. Зголемена јавна свест за работата на ДКСК.

Периодот на спроведување е 1 септември 2016 г. – 31 март 2018 г.

Потребните финансиски ресурси се обезбедени од Британската амбасада во Скопје.

Буџетот изнесува 102.090 британски фунти.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve