Студија со компаративен преглед на вклученост на граѓанското општество во процесот на ревизија на Конвенцијата на Обединети нации против корупција (УНКАК) |
Aвтори: Билјана Спасовска, Снежана Камиловска Трповска Целта на оваа студија со компаративен преглед на улогата и вклученоста на граѓанските организации (ГО) во процесот на ревидирање на УНКАК од земјите во регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска) е да се направи увид на најдобрите практики и научените лекции. Студијата дава преглед на процесите на вклученост на граѓанското општество во првиот и вториот циклус на ревизија на UNCAC, од првата фаза на вклученост на ГО во подготовката на листата за проверка за само-процена до издавање на целиот извештај за ревизија на земјата, а особено лекциите научени од првиот циклус и чекорите преземени (доколку ги има) за време на вториот циклус на ревизија. Студијата дава основа за циклусот на ревизија на УНКАК и нејзиното значење за регионот, дава преглед на институционалната рамка за борба против корупција и за вклученоста на целокупното граѓанско општество и подетално ја разгледува вклученоста на граѓанското општество во првиот и вториот циклус на ревизија на UNCAC. Студијата завршува со препораки за научените лекции за државите и Конференцијата на државите потписнички Студијата е дел од проектот „Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската Унија. |