Јавното мислење за расплетот на политичката криза - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавното мислење за расплетот на политичката криза PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
  1. Јавното мислење за политички рејтинзи: Анкета на јавно мислење
  2. Предизборни политички теми

javnoto-mislenje-za-politickata-kriza

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) во соработка со телевизија Телма спроведоа истражувања на јавното мислење за актуелни политички теми. 

Темата на ова теренско истражување беше јавното мислење за рејтинзите на политичките партии во Р. Македонија во пресрет на 11 декемвриските предвремени парламентарни избори. 

ВМРО –ДПМНЕ е во предност пред СДСМ со 4,8%. ДУИ има 6.2% рејтинг додека ДПА 3,3%. Ова го покажаа резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и Телевизија Телма.  Процентот на се уште неопределените гласачи е 14,9%, нема да гласаат 8,5, додека 18,2 не сакаат да одговорат на прашањето.

Низ призмата на етничката припадност на гласачите, решеноста да не излезат на избори е повисока кај албанската заедница. Вкупно 31,6% од Македонците би гласале за ВМРО –ДПМНЕ, а за СДСМ, 23,1%, додека СДСМ успева да привлече околу 6% гласови од етничките Албанци. ВМРО ДПМНЕ значително повеќе го поддржуваат вработените во јавниот сектор (37,9%), и пензионерите (36.8%) во споредба со СДСМ за кого поддршката е 23,6%, односно 19,8%.

Повеќето граѓани не веруваат (48,2%) одошто веруваат (41,5%) дека изборите ќе донесат разрешување на политичката криза. Најголем број од испитаниците (30,2%) не се сигурни што да очекуваат од изборите, додека од оние кои имаат изградено став, испитаниците што сметаат дека изборите ќе бидат фер и демократски се во поголем број (20,9%).

За МЦМС, ИДСЦС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани со теренска анкета во периодот од 6 до 20 ноември 2016 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Hulumtime