Анализа на финансиски извештаи за првите 10 дена од кампањата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа на финансиски извештаи за првите 10 дена од кампањата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Александар Талимџиоски
Дата: Март 2013
ISBN: 978-608-4681-10-6
PDFanaliza-na-prihodi-i-rashodi-vo-prvite-10-dena.pdf

analiza-na-prihodi-i-rashodi-vo-prvite-10-denaМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ спроведуваат повеќе заеднички активности за локалните избори 2013 година, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Оваа анализа е направена врз основа на финансиските извештаи за првите 10 дена од кампањата од страна на политичките партии и кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори до Државната изборна комисија (ДИК). Тука се анализирани финансиските извештаи на 13 политички партии и коалиции со нивните кандидати: Демократска партија на Албанците (ДПА), Национална демократска преродба – Демократска партија на Турците во Македонија (НДП-ДПТМ), Внатрешно македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ), Социјал-демократска унија (СДУ), Народно движење за Македонија (НДМ), Сојуз на Ромите на Македонија (СРМ), Демократска унија за интеграција (ДУИ), Српска напредна странка во Македонија (СНСМ), Обединети демократски сили на Ромите (ОДСР), Демократска обнова за Македонија (ДОМ), Либерална партија (ЛП), Партија за европска иднина (ПЕИ) и Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

Основна цел на овој извештај е да се даде колку може попрегледен опис на приходите и расходите кои политичките партии ги имале од почетокот на кампањата како и на изворите на финансирање на изборната кампања. Покрај тоа направена е подетална споредба на одделни трошоци во текот на кампањата кои се клучни за одвивањето на истата.

Покрај важноста на видот на изворите на финансирање на политичките кампањи ние тука даваме и подлабок осврт на карактерот на трошоците со едноставно споредување на прикажаните трошоци за првите десет дена од кампањата. Даден е описот на трошоците и намената за што точно тие биле потрошени во овој дел од кампањата. Оваа анализа нема намера да навлегува во политиката на плаќање на даноци од страна на партиите во текот на кампањата туку само настојува да даде еден поширок приказ на искажаните трошоци во финансиските извештаи доставени до ДИК.

Секоја политичка партија имаше обврска според Изборниот законик да отвори посебна банкарска сметка која ќе се користи за приходите и расходите поврзани со водењето на предизборната кампања.

Основен извор на податоци при оваа анализа се извештаите кои се доставени до ДИК и можат да се преземат на (http://www.sec.mk/index.php?option=com_content&;view=article&id=92).

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Hulumtime