Влијанието од прекинот на финансиската поддршката на УСАИД врз македонското граѓанско општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Влијанието од прекинот на финансиската поддршката на УСАИД врз македонското граѓанско општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Јелмаз Дервиши
Дата: Мај, 2025
PDF: Vlijanieto_od_prekinot_na_finansiskata_poddrshkata_na_USAID_vrz_makedonskoto_GO.pdf

Vlijanieto od prekinot na finansiskata poddrshkata na USAID vrz makedonskoto gragjansko opshtestvo coverПочнувајќи од јануари 2025 година, финансиската поддршка од страна на Американската агенција за меѓународен развој и соработка, (УСАИД) за Северна Македонија беше значително намалена, што претставува пресвртна точка за граѓанскиот сектор во земјата. Повеќе од три децении, УСАИД беше стратешки партнер во поддршката на демократските реформи, развојот на граѓанското општество и јакнењето на приватниот сектор.

Само во периодот од 2025 до 2028 година беа испланирани речиси 37 милиони американски долари поддршка во повеќе сектори. Најпогодени области се: демократија и добро владеење, владеење на право, антикорупциски иницијативи, младинска вклученост и слобода на медиумите. Многу од тековните програми кои беа подржани од УСАИД сега се соочуваат со неизвесна иднина, особено доколку не се пронајдат нови извори на финансирање.

Со повлекувањето на оваа клучна поддршка не само што се доведува во прашање финансиската и програмската одржливост на граѓанските организации и локалните компании, туку сериозно се загрозува и постоечкиот напредок во областа на транспарентноста, отчетноста, човековите права и инклузивниот економски развој во Северна Македонија.

Дополнително, прекинот на програмите финансирани од УСАИД предизвика и негативни наративи и кампањи во медиумскиот простор и социјалните мрежи, при што дел од спроведувачите на програмите беа цел на обвинувања и дезинформации.

По повлекувањето на УСАИД, главни донатори кои остануваат активни во поддршката на граѓанското општество во Северна Македонија се: Европската Унија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за надворешни работи на Норвешка, амбасадите на Обединетото Кралство, Холандија, Шведска, Сојузна Република Германија и други.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime