Извештај во сенка за вториот процес на ревизија и имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК) во Република Северна Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај во сенка за вториот процес на ревизија и имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК) во Република Северна Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Aвтори: Снежана Камиловска Трповска, Наташа Иваноска, проф. д-р Бобан Мисоски, Герман Филков
Дата: јуни 2019
PDF MK: izvestaj-vo-senka-2019.pdf
PDF EN: shadow-report-on-the-second-cycle-review.pdf

izvestaj vo senkaИзвештај во сенка за вториот процес на ревизија на имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупција (УНКАК) во Република Северна Македонија е подготвен со цел да се утврди колку државата ја имплементирала Конвенцијата односно опфатен е вториот циклус на ревизија на Конвенцијата и тоа поглавјата 2 и 5.

Главен извор на информации беа документи, претходни извештаи и искуството на тимот кој го подготвуваше Извештајот. 

Податоците се собирани преку употреба на неколку квантитативни и квалитативни истражувачки методи, т.е. анализа на секундарни податоци, академска литература, закони и документи како: национални стратегии, програми и статистички анализи.  Извештајот е подготвен согласно насоките на моделот развиен од Транспаренси Интернешнл, чија структура го рефлектира моделот на официјалната евалуација на имплементацијата на Конвенцијата развиена од страна на УНОДЦ. 

Анализата на одредбите од главата 2 и од главата 5 од Конвенцијата и нивното влијание или трансформирање во националниот правен систем, се врши преку нормативниот метод на компарација, каде директно се оценува најпрво степенот на задолжителност за имплементација во националните правни системи на одредбите во Конвенцијата, а потоа и степенот на нивна имплементација во македонскиот правен систем. Притоа, на почетокот, од секој член е даден текстот на Конвенцијата против корупција на македонски јазик (официјалниот превод објавен во Службен Весник на РСМ бр. бр.37/07 од 26.03.2007г.), а директно под текстот се врши анализа на неговата содржина и соодветните мерки коишто значат одговор и практична имплементација во македонскиот правен систем. Конечно, во делот каде што е утврдено недоволно ниво на усогласеност или отсуство на соодветни одредби преку кои Конвенцијата се имплементира во националниот правен систем, дадени се соодветни препораки и насоки за нивно имплементирање во соодветните закони.  

Податоците кои се содржани во Извештајот се собирани во периодот од септември 2018 до април 2019 година.

Извештајот е дел од проектот „Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската Унија.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime