Водич низ новините на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Водич низ новините на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Марија Саздевски
Дата: 2015 година
PDF:  vodich-niz-novinite-na-ener.pdf

Vodich niz novinite na Edinstveniot nacionalen registar na propisi ENERМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на проектот „Огледало на Владата“, од 2012 г. го следи Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР). Преку објавување редовни, неделни и месечни прегледи и квартални извештаи јавноста се инфoрмира за функционирањето на ЕНЕР. Во неделните прегледи се презентираат новите предлог-закони поставeни на ЕНЕР. На месечно ниво се објавуваат резултатите за почитувањето на минималните рокови за достапност на предлог-законите за коментирање од страна на јавноста, додека квартално се публикуваат детални извештаи во кои се следат практиките за објавување документи поврзани со објавените предлог-закони, бројот на коменатри од страна на корисниците и др.

На 25 декември 2014 г. е пуштен во употреба новиот ЕНЕР, на кој покрај новиот дизајн, е направено и техничко и содржинско унапредување.

Целта на овој водич е информирање на јавноста за главните новини кои се направени на ЕНЕР (www.ener.gov.mk).

Водичот е подготвен во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција, финансиран преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Програмата ја спроведува МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime