Доброто управување во изборните програми - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доброто управување во изборните програми PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Марија Сазедевски, Емина Нурединоска
Дата: јуни 2011 година
ИСБН: 978-608-4617-31-0
PDF:   dobro-upravuvanje-vo-izbornite-programi.pdf

dobro-upravuvanje-vo-izbornite-programiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори во рамките на интегрираната платформа Мојот избор 2011. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за добро управување во Македонија.

Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Еден од најголемите предизвици на македонското општество е примената на практиките на доброто управување засновани на владеењето на правото и демократијата, учеството, независноста на институциите, пред сè на судството, ефикасноста и ефективноста на сите нивоа и подрачја, особено на државната администрација, како и транспарентноста и отчетноста кои се одговор на борбата против корупцијата.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime