Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Младен Остојиќ; Проф. др. Адам Фаган
Датум: март, 2017
ИСБН: 978-608-4681-81-6
PDF: donatorski-strategii-i-praktiki-za-poddrshka-na-gragjanskoto-opshtestvo-vo-makedonija.pdf

Donatorski strategii i praktiki za poddrshka na gragjanskoto opshtestvo vo MakedonijaДокументот за јавни политики “Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество во Македонија” ја опфаќа улогата на граѓанското општество во донаторските програми, потоа модалитетите за поддршка и ставовите на донаторите за граѓанското општество. Понатаму опфатени се мотивите за присуство на донаторите, нивоата на донаторска поддршка, начините на планирање и програмирање на поддршката, координација на донаторите и идни чекори. На крај, документот нуди заклучоци и препораки пред се насочени кон донаторите во Македонија имајќи го предвид поширокиот политички контекст во регионот. 

Овој документ е превод од извештајот „Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан” кој е подготовен од Универзитетот од Лондон „Queen Mary“ и Балканската мрежа за развој на граѓанско општество и ги отсликува трендовите и практиките што активните донатори во регионот ги применуваат во поддршката на граѓанското општество, како и нивните ставови кон улогата на граѓанското општество.

Донаторската помош за Западниот Балкан е речиси исклучиво формулирана во насока на поддршка за процесот на интегрирање во ЕУ. Интервенциите на ЕУ во регионот треба да се разберат како политички напор за помош на овие држави на нивниот европски пат, повеќе отколку долгорочен развоен проект. Во овој контекст, развојот на граѓанското општество не е приоритет на агендата на донаторите. Граѓанските организации главно се перцепираат како средства за постигнување на конкретни цели, како што е промоцијата на европските норми и вредности. Од гледна точка на донаторите, граѓанско општество засновано на проектна поддршка, кое може брзо да одговори на нивните вечно променливи потреби е идеален инструмент за следење на нивната мисија. 

Доминантниот став на донаторите беше дека градењето на граѓанското општество е, и треба да остане подредена цел. Дури и донаторите со позитивни ставови, го перцепираат граѓанското општество како премногу “заситено“ и доволно големо. 

МЦМС како партнер во проектот „Аки (Acquis) на Балканското граѓанско општество-јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ ги поддржа националните активностите поврзани со подготовката на регионалниот извештај „Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан” и неговата промоција во Македонија. 

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë