Водич низ новините на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) |
|
|
|
Автор: Марија Саздевски Дата: 2015 година PDF: vodich-niz-novinite-na-ener.pdf
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на проектот „Огледало на Владата“, од 2012 г. го следи Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР). Преку објавување редовни, неделни и месечни прегледи и квартални извештаи јавноста се инфoрмира за функционирањето на ЕНЕР. Во неделните прегледи се презентираат новите предлог-закони поставeни на ЕНЕР. На месечно ниво се објавуваат резултатите за почитувањето на минималните рокови за достапност на предлог-законите за коментирање од страна на јавноста, додека квартално се публикуваат детални извештаи во кои се следат практиките за објавување документи поврзани со објавените предлог-закони, бројот на коменатри од страна на корисниците и др.
На 25 декември 2014 г. е пуштен во употреба новиот ЕНЕР, на кој покрај новиот дизајн, е направено и техничко и содржинско унапредување.
Целта на овој водич е информирање на јавноста за главните новини кои се направени на ЕНЕР (www.ener.gov.mk).
Водичот е подготвен во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција, финансиран преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Програмата ја спроведува МЦМС.
|