2003 – Јас живеам овде - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2003 – Јас живеам овде PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

2003-godina-na-prviot-ljubilej-10-godini-mcmsМЦМС одбележа десет години на успех, кој е веќе потврден со бројните признанија. МЦМС во јубилејната година ги реафирмираше своите вредности со кампањата „Јас живеам овде“. Започна пилот-работа со црквите и верските заедници за меѓусебна толеранција. МЦМС го објави првиот број од „Граѓански практики“ во потрага на наше, домашно разбирање на граѓанското општество.

МЦМС го прослави својот прв голем јубилеј. Во својата десетгодишна работа реализираше 1.081 проект во 52 програми со вкупен буџет од 2,2 милијарди денари или околу 36 милиони евра. Најголем дел од проектите се реализирани во секторот Граѓанско општество и демократија, а потоа и во Водоснабдување. Најголем дел од активностите се спроведуваа во локални заедници, а веднаш по нив се проектите спроведени на национално ниво. Проектите најчесто се спроведуваа низ финансиска поддршка. При крајот на десетгодишното работење, се поголем број од проектите се спроведуваа низ обука, информации и застапување.

Меѓуетничките односи низ новинарските пера

На 14 август 2003 година излезе првата страница наречена „Меѓутоа“ што беше дел од програмата Страници за меѓусебно разбирање што МЦМС ја спроведуваше заедно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и со Македонската информативна агенција (МИА), Дневник, Утрински весник, Факти, Лоби и Вечер. „Меѓутоа“ укажуваше на разликите во известувањето за меѓуетничките односи во Македонија и на тоа дека тие не се должат на јазикот на известувачот, ниту на неговата етничка припадност, тие постојат и помеѓу новинарите со иста етничка припадност. „Благодарејќи“ им на тие разлики, публиката на еден медиум стекнува сосема различни претстави за настаните или проблемите од онаа на другиот медиум.

„Меѓутоа“ ќе биде објавена 100 пати и ќе третира два типа на настани. Едните се однесуваат на теми кои имале широк третман кај овие печатени медиуми, додека другите би ги ставиле во категоријата на „непознати“ односно текстови на теми кои се уште не го привлекле вниманието.Селектирањето на текстовите го прави посебен Уредувачки одбор составен од новинари од петте весници како и претставници на МЦМС, ЗНМ и МИА. „Меѓутоа“ ќе придонесе известувањето за меѓуетничките односи во Македонија да биде потранспарентно. На читателите ќе им се овозможи во весникот што вообичаено го купуваат и кому му веруваат да видат текстови на иста тема и од други весници, па на основа на сите тие известувања да го донесат својот став во врска со настанот односно проблемот. Ова би требало да ги поттикне новинарите и медиумите да размислуваат за причините за разликите. Затоа, Програмата предвидува и одржување трибини на кои ќе се дискутира токму за причините за различното известување.

„МЦМС одбележа десет години. Резултатите постигнати во десетте години секако означуваат успех. Успех кој е веќе потврден со бројните признанија. Тоа е можност не само за одбележување на постигнатите резултати, туку и за оценка на минатото, реафирмација на вредностите и градење визија за иднината."

Годишен извештај на МЦМС за 2003 година.

2003

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë