1995 – Рехабилитација и развој - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

1995 – Рехабилитација и развој PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Година на почеток на консолидација и градење одржлива програма. Најголемиот број проекти беа  насочени кон развојот на селата преку активности за водоснабдување и санитација, образование, генерирање приходи и комуникации во повеќе општини.

1995-godina-so-fokus-na-rehabilitacija-i-razvojВо 1995 година фокусот на МЦМС беше ставен на рехабилитацијата и развојот, а во помала мера на хуманитарните проекти како дотогаш. Всушност, во овој период се профилира развојниот карактер на МЦМС.

Во оваа година најголемиот број проекти беа насочени кон развојот на селата. Беа спроведени програмата за Водоснабдување преку изградба и реконструкција на селски водоводи и програмата Селски иницијативи, која опфати проекти за санитација, водоснабдување, образование, генерирање приходи и комуникации во пет општини.

Печуркарницата во „Ранка Милановиќ“ работи со полна пареа

„Ранка Милановиќ“ е една од двете социјални установи во Македонија за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци со воспитно запуштено однесување и деца без родителска грижа.

МЦМС ги согледа потребите на институцијата и ја поддржа иницијативата на персоналот на „Ранка Милановиќ“, со што беше спроведен проектот „Одгледување на печурки“. Суштината на оваа иницијатива е да се генерираат приходи со што ќе се обезбедат пристојни услови за живот и ресоцијализација на младите, штитеници на домот.

Во работата на печукарницата вклучени се сите. Голем дел од нив немале претходно искуство со печурки. На прашањето какви се досегашните искуства Ѓурчин Василковски, наставник во „Ранка Милановиќ“, вели: „Како за почеток, добро е. Научивме многу работи, во почетокот знаевме многу малку“. Непознатиците во работењето со печурки не го обесхрабрија персоналот. Ниту штитениците. Тоа се гледа и по остварените резултати. Првите берби го исполнуваат очекуваното. Во текот на април, мај и јуни собрани се 1.315 кг. шампињони.

Промените се чувствуваат. „Слободното време, до сега им беше неорганизирано“, вели Димитар Ќурдовски, социјален работник во институцијата, „го користеа некако бесцелно, како да беа исполнети со некаква нетрпеливост. Од кога почнавме со работа во печуркарницата, слободното време се организира.

Гоце Петров од Кочани има 13 години. Во „Ранка Милановиќ“ е седум месеци. „Не ми е тешко тука“, вели тој, „интересно ми е во печукарницата, ми се допаѓа да го работам тоа“. И Нијази Фетаи (13-годишно момче од Скопје) се согласува дека не е тешко. За него велат дека е вистински мајстор со печурките. Нијази скромно одговара: „научив многу од печукарницата“.

Со печуркарницата се влијае на покривањето на дефицитот создаден со намалување на буџетот. Она што е поважно за институција од ваков вид е уделот на печуркарницата во ресоцијализацијата на младите. А ефекти има. „Нијази, на пример“, вели Ќурдовски, „беше дете кое само чекаше слободен момент да направи беља. За кратко време (по печуркарницата), кај него се роди таква љубов што уште рано наутро ги тераше учителите да одат во печуркарницата. Таа му ги одвлекува мислите, како и на другите штитеници овде, им создава работни навики.“

„Ние ја означивме 1995 година како година на почеток на консолидација и градење оддржлива програма. Тоа може да биде обезбедено само во заедница со оние кои не поддржуваат, оние кои работат со нас и оние на кои им носиме надеж, пријателство, разбирање.“

Годишен извештај на МЦМС за 1995 година.

1995

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë