Втор извештај од интегрираниот мониторинг за изборите „Мојот избор 2011“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Втор извештај од интегрираниот мониторинг за изборите „Мојот избор 2011“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Миша Поповиќ, Илина Мангова, Весна Никодиноска, Петрит Сарачини
Дата: јуни 2011 година
PDF:   vtor-izvestaj-od-integriraniot-monitoring-na-izborite.pdf

vtor-izvestaj-od-integriraniot-monitoring-na-izboriteМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори, кои вклучуваат истражувања, набљудувања на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Дел од активностите предвидени во мониторингот се извештаи за текот на изборната кампања, работата на изборната администрација, како и извештај од мониторингот на медиумите. Деловите за изборна администрација и политички кампањи се подготвени од и се одговорност на Институтот за демократија, додека делот за мониторинг на медиумите е подготвен и е одговорност на Македонскиот инситут за медиуми.

За потребите на мониторингот на изборната администрација и текот на изборната кампања на територијата на Република Македонија ангажирани се 15 регионални координатори. Регионалните координатори ја следат работата на општинските изборни комисии и избирачките одбори, како и кампањските активности на политичките партии. Регионалните координатори доставија по два неделни извештаи во мониторираниот период и истите покриваат повеќе од 60 општини во државава. На денот на изборите, проектот имаше околу 200 статични набљудувачи во различни избирачки места кои го следеа процесот на гласање и пребројување на гласовите. Наодите од набљудувачите се вклучени во извештајот.

На централно ниво, мониторингот ја следи работата на Државната изборна комисија, како и активностите на политичките партии и за таа цел ангажирани се аналитичари за изборна администрација и аналитичар за кампањите на политичките партии.

Во мониторингот на медиумите беа вклучени 13 медиуми, од кои седум комерцијални телевизии на државно ниво - А1, Канал 5, Сител, Телма и Алсат-М (на македонски и на албански јазик), како и два канала на Јавниот сервис МТВ1 и МТВ 2 (програмата на албански јазик). Кај телевизиите се мониторираше едно издание на вестите во ударниот термин од 17.00 до 24.00 часот, како и дебатни емисии и интервјуа. Примерокот ги опфатии и весниците Дневник, Време, Вечер, Нова Македонија, Утрински весник и Коха (на албански јазик). Податоците беа собирани преку комбинација на квантитативни и квалитативни истражувачки инструменти. Во истражувањето учествуваа 12 монитори, двајца истражувачи-аналитичари, еден контролор и еден истражувач - лидер на тимот. Истражувањето треба да покаже дали медиумите известуваат непристрасно и избалансирано, дали ги пренесуваат информациите точно и објективно, дали употребуваат или пренесуваат говор на омраза или „недоличен“ јазик, дали мешаат вести и коментар, факти и сопствено мислење. Се мониторира и дали медиумите промовираат култура на говорот и етиката, дали се впуштаат во непримерна комуникација со јавноста и дали го користат медиумот за пресметка со личности, вклучувајќи ги и колегите-новинари.

Финалниот извештај од интегрираниот изборен мониторинг ќе биде објавен во текот на јуни и ќе вклучува оценка за изборниот процес во целина.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Historia jonë