Напредна обука за недискриминација - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Напредна обука за недискриминација PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 19 shtator 2008 11:28

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира напредна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 14 до 16 октомври 2008 година.

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на човекови права, еднаквите можности и недискриминацијата. Обуката е продолжение на основната обука за недискриминација која се одржа во јуни 2008 година. Истата ќе има теоретски и практичен дел за законската покриеност од оваа област во рамките на ЕУ, потоа институции и механизми за заштита во државите на ЕУ, проблемите со кои се соочиле европските земји во однос на механизмите на заштита, предизвици на достап до правилата и сл. Исто така, во рамките на обуката ќе бидат разгледани постоечките законски решенија во Република Македонија, потребата од посебен закон за заштита од дискриминација, решенијата од Предлогот за донесување на Закон за заштита од дискриминација со предлог закон, разгледување на основите на дискриминација, процедури на известување до меѓународните организации и сл.

Обуката ќе ја спроведат: проф. д-р. Мирјана Најчевска, ИСППИ и мр. Катрин Владак, Болдсман Институт од Виена. На обуката ќе има обезбеден консекутивен превод од англиски на македонски јазик.

Право на учество имаат активистите за човекови права кои се членови на граѓански организации од Македонија, посветени на идејата за еднакви можности и борба против дискриминацијата. Предност ќе имаат учесниците кои ја посетиле основната обука за недискриминација и кои активно го владеат англискиот јазик.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата. Пријавите ќе бидат објективно оценети и селектирани од Комитет составен од претставници од МЦМС, ОБСЕ и обучувачите.

Рок за пријавување е 29 септември 2008 година, до 16 часот.

Пријава за напредна обука за недискриминација.

Пријавите испратете ги по факс на 02 3065 298 или по пошта на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов, бб, П.Фах. 55, 1060 Скопје.

Пријавите се достапни на рецепцијата на МЦМС или на www.mcms.org.mk, www.graganskisvet.org.mk и www.equal.org.mk .
Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните кои ги покриваат учесниците.
За сите дополнителни информации контактирајте го Кренар Кука, на е-маил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Напредна обука за недискриминација