Повик за обучувачи за две обуки - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за обучувачи за две обуки PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 11 prill 2022 11:31

Македонскиот центар за меѓународна соработка објавува повик за обучувачи за две обуки во рамки на проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“. 

povik za obucuvaci

Теми и цели на обуките

Предвидено е да се реализираат две обуки на следните теми: 

1. Основни ИТ вештини 

Целта на обуката за основни ИТ вештини е да ги зајакне капацитетите на „Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ (КСЗД) фокусирајќи се на следните елементи: Microsoft office (word and excel), користење на интернет, и користење на одредени системски алатки кои може да ја подобрат и олеснат организацијата на работата на КСЗД.

2. Работа со други/тимска работа 

Целта на обуката е да ги зајакне капацитетите на вработените на КСЗД за решавање на проблеми и организациски вештини, тимска ефикасност, делегирање на задачи, водење на состаноци итн. 

За двете обуки, методологијата на работа треба да биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена на вежби за време на сесиите. Пред почетокот на обуките од обучувачите е предвидено да спроведат кратка проценка на знаењето за утврдување на конкретните подтеми кои ќе бидат опфатени во секоја од обуките. 

3. Активности што треба да се спроведат

Во соработка со МЦМС, должностите и одговорностите на обучувачите се следните:

  • проценка на знаењето на КСЗД за наведените теми за обука и утврдување на конкретни подеми кои ќе бидат покриени;
  • подготовка на агенда за дводневна обука и “handouts” за учесниците;
  • спроведување на обуката;
  • извештај по спроведувањето на обуката.

4. Испораки/резултати

До крајот на задачата, треба да се испорачаат две обуки, една  за градење на капацитетите на КСЗД за ИТ вештини и една за работа со други/тимска работа. 

5. Времетраење и временски распоред на задачата

Обуките се планира да се одржи во текот на месеците април, мај и јуни 2022 година надвор од Скопје. Точното време на одржување на обуката и локацијата ќе бидат дополнително договорени со избраните обучувачи. 

6. Вредност на задачата

За реализирање за секоја од обуките се предвидени по 6 експертски дена (или вкупно 12 експертски дена за двете обуки): 1,5 ден за оценка на знаењето на КСЗД согласно темите, 2 дена за подготовка, 2 дена за реализација на обуката, 0,5 дена за поднесување на извештај од сработеното.  

За секоја обука е предвидено да има по еден обучувач. Понудата е делива, и обучувачите треба да потенцираат за која обука се пријавуваат. 

7. Критериуми кои треба да ги исполнуваат обучувачите

  • Да има завршено високо образование и стекната диплома во соодветната област; 
  • Да има најмалку 10 години професионално искуство; 
  • Да има најмалку 5 години професионално искуство во спроведување обуки; 
  • Да има спроведено најмалку три обуки на темата за која се пријавува; 
  • Да поседува развиени комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини.  

Избраните обучувачи постојано ќе комуницираат со координаторот на проектот и ќе ги следат упатствата и забелешките на програмскиот тим.

8. Постапка за изразување на интерес

Со цел да се пријавите за обучувач/ка треба да ги испратите следните документи: 

  • Професионална биографија;
  • Писмо за изразување на интерес, во кое е наведено за која обука се пријавувате  заедно со финансиската понуда изразена во бруто сума по ден во денари; 
  • Првичен предлог дневен ред за дводневна обука за обуката за која се пријавувате.

Повикот е отворен и за физички и за правни лица. 

Рокот за пријавување и поднесување на документите е до 18 април (понеделник) 2022 г. на следната електронска адреса Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Доколку имате прашања во врска со повикот испратете ги на истата електронска адреса. 

Целиот повик за обучувачи погледнете го тука.

Проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“ го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Европската Унија. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за обучувачи за две обуки