Повик за истражувач/ка – фацилитатор/ка на фокус групи - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за истражувач/ка – фацилитатор/ка на фокус групи PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 13 tetor 2021 19:43

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“, објавува повик за ангажирање на  истражувач/ка – фацилитатор/ка за спроведување на 9 фокус групи (1-2 часа, онлајн) со државни службеници, граѓански организации и медиуми.

Вид на ангажман: Консултантски

Времетраење на ангажманот: 21-30 октомври 2021 година.

За проектот: Проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ се спроведува од МЦМС во партнерство со НЕКСУС – Граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плиадес и Хоризон Цивитас. 

Општа цел на проектот е: иницирање холистички пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучително и оние со повратници од странски војски) во државата. 

Квалификации 

Истражувачот/ката пред сè треба да има докажано искуство во спроведување на истражувања, како и фацилитирање на фокус групи. Истражувачот/ката треба да демонстрира добро знаење и експертиза во областа на социјална инклузија.

Истражувачот/ката треба да ги исполни следниве услови:

  • Професионално искуство во истражувачка методологија, прибирање на податоци и анализа (најмалку 5 години искуство);
  • Сеопфатно знаење и разбирање за насилен екстремизам;
  • Знаење и разбирање за локалниот политички, економски и социјален контекст;
  • Дизајн и адаптација на методологии и алатки за собирање примарни податоци (на пр. Прашалник, интервјуа, дискусии во фокус групите);
  • Способност да се анализираат и интерпретираат податоците;
  • Магистерска диплома во области од општествени науки;
  • Докажани вештини за испорака на услуги во краток рок;
  • Напредно знаење на пишан и говорен македонски, англиски и албански јазик;

Должности и одговорности 

  • Фацилитирање на 9 фокус групи;
  • Координирање на процесот со проектниот тим, вклучувајќи предизвици и бариери кои произлегуваат за време на задачата;
  • Координирање на сите релевантни засегнати страни, учесници на фокус групи;
  • Подготовка на извештај од фокус групите и вклучување на забелешки/коментари од релевантните засегнатите страни во извештајот;

Процедура за аплицирање

За да аплицирате, Ве молиме да ни го испратите вашето CV (вклучувајќи и препораки) како и финансиска понуда (цена по фокус група), на следната е-адреса, со ознака „Пријава за истражувач/ка-фацилитатор/ка на фокус групи“, на: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë , не подоцна од 19 октомври 2021 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за истражувач/ка – фацилитатор/ка на фокус групи