Повик за доделување институционални грантови [ЦМ-ИНС-05] - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за доделување институционални грантови [ЦМ-ИНС-05] PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 04 maj 2020 14:49

ins 05 povik

Пријави можат да поднесат:

  • здруженија, фондации и сојузи кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10);

Институционалните грантови се наменети да го поддржат институционалниот развој (ИР) и организационото јакнење (ОЈ) на индивидуални граѓански организации. Цивика мобилитас очекува институционалните грантисти да заземат лидерски позиции во граѓанското општество во земјава, да бидат проактивни, да преземат и да водат иницијативи за соработка и обединување на други граѓански организации.

Во предлозите за институционален грант, апликантите треба да демонстрираат  способност за спроведување на најсоодветните ИР/ОЈ процеси за надминување на нивните институционални и организациски предизвици и подобрување на своите перформанси за придонес (преку нивните програми) кон целите и резултатите на Цивика мобилитас и други иницијативи за развој на граѓанското општество во земјава.

Општа цел – Општествените промени во Северна Македонија се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво;

Резултат 1 – Овозможувачко опкружување (околина) за граѓанското општество: Околината за развој на граѓанско општество е подобрена преку создавањето на механизми за подобра соработка меѓу властите и граѓанските организации и преку зголемено државно финансирање на граѓанското општество;

Резултат 2 – Граѓански ангажман: Граѓанските организации создаваат силни конституенти и со тоа овозможуваат активен граѓански ангажман во граѓанските иницијативи, вклучително и волонтерството;

Резултат 3 – Соработка: Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи на граѓанското општество;

Резултат 4 – Граѓанско учество: Граѓанските организации активно учествуваат во процесите на креирање и донесување одлуки што води кон подобрени политики и практики.

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава.

Потребни прилози за пријавување:

Прилог 1. – Финансиски план (буџет)

Прилог 2. Доказ за правен статус на апликантот (тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постара од шест месеци од денот на објавување на овој повик);

Институционалните грантовите во овој повик ќе бидат обезбедени за период од точно 2 години (24 месеци).

Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 3.000.000 и 4.000.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е околу 60.000.000 денари, со што се очекува да се доделат 15 грантови.

Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик.

Краен рок за поднесување на пријавите е 01.06.2020 г. до 16 часот, кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта. Пријавите се доставуваат на адреса:

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)

за Цивика мобилитас

ул. Никола Парапунов, б4.41а

Поштенски фах.55, 1060 Скопје

Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 16 мај 2020 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-ИНС-05).

ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Цивика мобилитас ќе одржи on-line информативна сесија за овој повик за предлози и тоа на 12.05.2020 година (вторник) од 14 часот. Ве молиме редовно да ја следите веб страницата на Цивика мобилитас за да се информирате за начинот на учество или евентуална промена на терминот за информативната сесија.

 

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

 

Отворање на повикот за предлози

04.05.2020 г.

Информативна сесија

12.05.2020 г., 14.00 ч.

Краен рок за поднесување на пријави

01.06.2020 г., 16.00 ч.

Одлука на Комисијата за избор на грантови

До крај на јуни 2020 г.

Известување за доделени грантови и за одбиените пријави

Почеток на јули 2020 г.

Преговори и потпишување договори

01.-20.07. 2020 г.

Ве молиме имајте предвид дека оваа временска рамка може да се промени. Цивика мобилитас може да ја ажурира временска рамка во било кое време. Поради тоа, ги поттикнуваме апликантите редовно да ја проверуваат оваа веб-страница.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за доделување институционални грантови [ЦМ-ИНС-05]