Јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови за транспарентност |
E mërkurë, 11 mars 2020 11:03 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување грантови. Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија. Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку една година пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на грантовите за транспарентност изнесува 52.000 евра (3.198.000,00 МКД). Планираните средства за распределба во рамките на овој повик изнесуваат 28.000 евра (1.722.000,00 МКД). А, ќе се доделат најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање. Рокот за поднесување на апликациите е 31 март 2020г., до 16:00 часот. Апликациите може да се доставуваат само по електронски пат на адресата Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација. Канцеларијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е затворена за работа со странки. Сите заинтересирани организации кои сакаат да аплицираат на повикот за грантови за транспарентност се покануваат на инфо сесија на 10 март (вторник) 2020г. во х. Арка, Скопје од 11 до 13 часот. За време на сесијата ќе се презентираат резултатите и спроведените активности од претходните грантови за транспарентност. А, присутните ќе можат да поставуваат прашања и да добијат јасни насоки за процесот на апликација и селекција. Ве молиме, доколку сте заинтересирани да присуствувате на инфрмативната сесија да го најавите своето присуство однапред, а најдоцна до 9 март (понеделник) 2020 г. на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë Facebook event: https://www.facebook.com/events/2462719903833960/ Преземете ги прашањата и одговорите кои беа дискутирани на инфосесијата и оние кои беа доставени по електронски пат. Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање и Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:
Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања, може да се обратите преку е-пошта на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: Референтен број: 11-26/1-2020. Ве молиме проследете го овој повик до сите граѓански организации кои би биле заинтересирани. |