Цивика мобилитас објавува повик за доделување институционални грантови [ЦМ-ИНС-04] |
E premte, 03 maj 2019 16:46 |
Пријави можат да поднесат:
Институционалните грантови се наменети да го поддржат институционалниот развој (ИР) и организационото јакнење (ОЈ) на индивидуални граѓански организации. Цивика мобилитас очекува институционалните грантисти да заземат лидерски позиции во граѓанското општество во земјава, да бидат проактивни, да преземат и да водат иницијативи за соработка и обединување на други граѓански организации. Во предлозите за институционален грант, апликантите треба да демонстрираат способност за спроведување на најсоодветните ИР/ОЈ процеси за надминување на нивните институционални и организациски предизвици и подобрување на своите перформанси за придонес (преку нивните програми) кон целите и резултатите на Цивика мобилитас и други иницијативи за развој на граѓанското општество во земјава. Општа цел – Општествените промени во Северна Македонија се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво; Резултат 1 – Овозможувачко опкружување (околина) за граѓанското општество: Околината за развој на граѓанско општество е подобрена преку создавањето на механизми за подобра соработка меѓу властите и граѓанските организации и преку зголемено државно финансирање на граѓанското општество; Резултат 2 – Граѓански ангажман: Граѓанските организации создаваат силни конституенти и со тоа овозможуваат активен граѓански ангажман во граѓанските иницијативи, вклучително и волонтерството; Резултат 3 – Соработка: Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи на граѓанското општество; Резултат 4 – Граѓанско учество: Граѓанските организации активно учествуваат во процесите на креирање и донесување одлуки што води кон подобрени политики и практики. Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со потребните прилози за пријавување:
Институционалните грантовите во овој повик ќе бидат обезбедени за период до најмногу 3 години (36 месеци). Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 3.000.000 и 4.500.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 67.000.000 денари, со што се очекува да се доделат 15 грантови. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик. Краен рок за поднесување на пријавите е 3 јуни 2019 г. до 16 часот, кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта. Пријавите се доставуваат на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) за Цивика мобилитас ул. Никола Парапунов, б4.41а Поштенски фах.55, 1060 Скопје
Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 20 мај 2019 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-ИНС-04). Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас. ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ Цивика мобилитас ќе одржи информативна сесија за овој повик на 10 мај во Скопје. За повеќе информации околу неа, како и за други информативни сесии следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас, како и страницата на Фејсбук.
|