Грантови за граѓански организации за борба против корупција |
E hënë, 04 shkurt 2019 14:44 |
Центарот за граѓански иницијативи (ЦЦИ) од Босна и Херцеговина во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), објави повик за финансиска поддршка на организации кои се регистрирани и делуваат во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Целта на овој повик е да обезбеди поддршка на локалните граѓански организации во спроведувањето активности за борба против корупцијата во земјите од Западен Балкан кои се дел од регионалната и програмата на Европската Унија. Нивните активности исто така треба да бидат во согласност со проблемите идентификувани во Регионалниот извештај за борба против корупцијата, Системот за следење на корупција и Стратегијата СЕЛДИ 2020. Планираните средства за распределба изнесуваат 60.000 евра, а поединечните грантови треба да бидат најмалку 5.000 евра, но не повеќе од 12.000 евра. Рокот за поднесување на краткиот концепт на проектот е 04.03.2019 и треба да се испрати електронски на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Преземете ги сите информации поврзани со повикот: целите и очекуваните резултати, условите за пријавување, подобните активности, начинот на пријавување и документите. Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања, може да ни испратите е-маил на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë , најкасно до 11.02.2019 г. ЦЦИ е партнер на програмата: „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС. Програмата е финансирана од Европската Унија. |