Оглас за Регионален координатор за Источна Македонија |
E hënë, 10 mars 2014 16:14 |
Ангажманот е во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови (ПРФ) Македонија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијативата за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено општество, Будимпешта. Ангажманот на Регионалниот координатор е за период од 12 месеци. Од избраниот кандидат се очекува да биде контакт лице за проектот во однос на проектни идеи, да дава услуги и логистичка помош за иницијативата на ПРФ/МтМ на локално ниво, да одржува редовни состаноци со локалните засегнати страни, да учествува во промотивни/информативни настани релеванти за иницијативата на МтМ/ПРФ на локално ниво, да собира информации релевантни за иницијативата на МтМ/ПРФ на локално ниво и да врши други административни/логистички работи поврзани со спроведување на проектот. Кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:
Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивациско писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и контакт информации) најдоцна до 20 март 2014 по електронска пошта на следната адреса: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . |