МЦМС бара ко-модератор за општина МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА |
E mërkurë, 24 prill 2013 09:31 |
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk). Во периодот јануари 2013 – мај 2014, Форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС). За потребите на Меѓуоптшинскиот Форум, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време. Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 9 до 11 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите. Задачи, одговорности и очекувани резултати:
Квалификации и искуство:
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 28 април 2013 (недела), на следната адреса: ул."Никола Парапунов", 41а / П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë |