Покана за основна обука за процесите за креирање политики и процедури за подготовка на законите |
E enjte, 05 prill 2012 21:01 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ве поканува да учествувате на основна обуката за процесите за креирање политики и процедури за подготовка на законите што ќе се одржи во Маврово на 19 и 20 април 2012 година. Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации кои немаат претходно искуство во процесите на подготовка на закони. На обуката учесниците ќе се стекнат со основни знаења за застапувањето како битна компонента за успешно вклучување во процесите на подготовка на законите: што е застапување; како изгледа стратешка кампања за застапување; како да се подготви успешна иницијатива за одредена политика/закон и измени на законите. Покрај тоа ќе бидат презентирани процесите на донесување одлуки во земјата - на национално и локално ниво и фазите во кои е најефикасно и најуспешно вклучување преку застапување и лобирање. Обучувачи ќе бидат Горан Форбичи од Словенечкиот центар на невладини организации (ЦНВОС) од Љубљана и Емина Нурединоска од МЦМС. Обуката е дел од проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони" кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Преку прилагодување на методологијата развиена од ЦНВОС за проценка на отвореноста на владините институции, целта е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Ве молиме пополнета пријава да ја испратете најдоцна до среда 11 април 2012 кај Марија Саздевски на е-маил Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Врз основа на доставени пријави ќе биде направена селекција на учесниците и ќе бидат известени во четврток 12 април 2012. За дополнителни прашања можете да се јавите на тел: 02/3088-983. Работен јазик ќе биде македонски и српски за сесиите коишто ќе бидат водени од гостинот- обучувач. По потреба ќе се обезбеди и превод. |