Студиска посета на Ерусалим - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Студиска посета на Ерусалим - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E diel, 24 shkurt 2008 16:05

Студиска посета на ЕрусалимСтудиските посети односно посетите на позитивни примери кои се планираат во рамките на програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија (МСМ) се значајни од аспект дека тие претставуваат можност за согледување на други искуства во превенцијата од конфликтите. Учеството на претставници на верски заедници на студиски посети од овој вид е неопходно од аспект дека религијата често се користи како средство за настанување или разгорување на конфликтите. Во овој контекст во 2006 година беше посетена Северна Ирска, каде што македонските претставници имаа можност да ги согледаат последиците од таа војна која воедно беше и верска (протестантизмот, наспроти католицизмот). Преку посетата на учесниците им беше овозможено да ги согледаат последиците кои омразата или непочитувањето на разликите можат да ги донесат, да разменат мислења за настанокот на конфликтите и за нивното разрешување, да научат што се сè прави за мирот повторно да се воспостави.

Целта на програмата е да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Цел на проектот е да се даде придонес кон зачувувањето на мирот и превенцијата на конфликти, преку запознавање, размена на мислења и развој на заедничките напори за превенција на конфликтите. Целна група се претставници на петте верски заедници (МПЦ, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗРМ).

Со проектот се планира делегација од различни верски заедници од Македонија да го посетат Ерусалим, Израел, како подрачје кое е зафатено со конфликтот и кое постојано е во преговори за негово разрешување. Израелско/Палестинските односи се специфични од аспект дека овој конфликт е согледан не само како етнички, туку и во поголема мерка како верски. Студиската посета ќе се спроведе во периодот од 25 – 30 октомври, а учесници ќе бидат вкупно 15 претставници на верските заедници, МЦМС и Комисијата за односи со верските заедници. Организатори на студиската посета во Ерусалим ќе бидат Jerusalem Interchurch Council (огранок на Middle East Council of Churches) кој ќе биде целосно задолжен околу логистиката на посетата (сместувањето, транспортот, посетите, сесиите, водичот и сл.).

Соработникот на проекти од МЦМС ќе биде задолжен за координација на посетата. Претставниците на верските заедници од Македонија ќе имаат можност да се запознаат подобро со историјатот на конфликтот во Израел, како и со напорите на тамошните граѓански организации, па и самите верски заедници ги прават во поглед на неговото разрешување. Во овој контекст ќе биде и остварена и посета на Middle East Council of Churches која е долги години активна во конфликт превенцијата во Израел и Израелско/Палестинските односи. Ќе бидат посетени и други релевантни актери од граѓанското општество кои работат на ова поле, а воедно ќе се посети и Interreligious Coordinating Council in Jerusalem, кој во својата работа ги вклучува трите религии (јудаизмот, христијанството и исламот) и настојува да ги потенцира предностите од помирувањето, коегзистенцијата и разбирањето. Во текот на деновите додека трае посетата ќе бидат организирани сесии на кои ќе се дискутира состојбата, ќе се разменуваат информации и идеи. Делегацијата ќе има можност и да ги посети и позначајните еврејски, христијански и исламски верски објекти, како и да оствари средба со значајни претставници од овие верски заедници.

Очекуван резултат од проектот е дека претставниците на верските заедници од Македонија ќе се запознаат подобро со подрачје кое повеќе години било зафатено од конфликт, ќе им се овозможи да научат нешто повеќе од искуствата од другите во однос на превенцијата на конфликтите и нивното разрешување.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон проектните резултати се: кај учесниците од Македонија постои интерес за запознавање и учење од состојбите во Ерусалим, дека позитивна клима кај организациите и верските заедници за прифаќање на делегација на претставници на верски заедници со различна верска припадност, како и дека организаторот на посетата добро ги познава состојбите во поглед на безбедноста и дека ќе осигури логистика за посета на настаните во региони кои се безбедни.

Постои можност да има мали измени во агендата, бидејќи за одредени денови некои региони може и да не се препорачаат за посета за одреден ден, но ова само укажува на можноста од минимално отстапување од агендата. Временскиот период на спроведување е 30 септември – 31 октомври 2008 година. Финансискиот план на проектот е 1,350,000 МКД.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Студиска посета на Ерусалим - извршно резиме