А1: Јован непоканет присуствуваше на деновите на верските заедници - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Јован непоканет присуствуваше на деновите на верските заедници PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 01 dhjetor 2004 01:00

Расчинетиот Јован Вранишковски иако не поканет се појави со уште 4 монаси на отворањето на деновите на верските заедници во Македонија.

Оценувајќи дека е тоа провокација не успеаја обидите на организаторот МЦМС да го отстранат од салата директно кажувајќи му дека е непожелен на манифестацијата.

Поради неговото останување МПЦ во знак на револт веднаш го повлече својот штанд. 18 учесници на манифестацијата се оградија од присуството на Вранишковски, а 4-те верски заедници опфатени со уставот заминаа во Архиепископијата на МПЦ во знак на поддршка.

По два часа МЦМС, католичката црква, евангелско методистичката, исламската и еврејската заедница излегоа со заеднички став најостро ја осудуваме злоупотребата на отвореноста и демократијата од незаконски и нелегитимни групи.

„Организацискиот одбор, црквите и верските заедници во Македонија ја почитуваат одлуката на МПЦ и во целост застануваат зад ставот на МПЦ. Организацискиот одбор го реафирмира ставот од Охрид дека ја поддржуваат афтокефалноста на МПЦ“, рече Сашо Клековски МЦМС.

jovan-dremvitckiРасчинетиот Јован не почитувајќи ја молбата на организаторите дури остана и на трибината за новиот закон за верски заедници. Нему не му пречеше отвореноста на организаторот дека е непожелен.

„Да не бев во ова духовно расположение можеби ќе ми пречеше“, рече Вранишковски.

По денешниот инцидент останува отворено дали МПЦ утре ќе се врати на манифестацијата денови на верските заедници. Поглаварот Г.Г. Стефан денеска не присуствуваше на отворањето со образложение дека бил болен.

Извор: А1 (01.12.2004)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat А1: Јован непоканет присуствуваше на деновите на верските заедници