Ревизија за отчетност: Неискористен потенцијал во превенцијата и борбата против корупцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ревизија за отчетност: Неискористен потенцијал во превенцијата и борбата против корупцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 23 korrik 2024 11:47

Дата: Јули 2024
PDF (Клучни поенти MK): SAIs_key_points-_MK_version.pdf
PDF (EN): auditing-for-accountability-unused-potential-in-prevention-and-combating-corruption.pdf

MCMS SELDI Policy Brief AfA Page 01Добро е познато дека корупцијата напредува во средини со слаби или неефикасни институционални контроли и рамнотежи. Носителите на моќ често ги искористуваат слабите рамки за одговорност за да ја злоупотребат својата службена функција. Затоа, од витално значење е да се балансира ефективно одлучување и соодветен надзор.

Надзорната функција што ја вршат државните ревизорски институции е критична компонента на системот за проверки и рамнотежи, фундаментална за функционирањето на секој демократски систем. Клучната улога на државните ревизорски институции е да го уверат парламентот и даночните обврзници дека државните средства се користат наменски, рационално и ефикасно.

Понатаму, овие ревизорски тела обезбедуваат клучни препораки за тоа како да се промовира транспарентноста и одговорноста во јавниот сектор. Иако нивната примарна улога останува да ја проценат регуларноста и интегритетот на јавните финансиски сметки, во изминатите години, државните ревизорски тела еволуираа и ја диверзифицираа својата работа за да ги рефлектираат новите прашања од јавните финансии и да ги задоволат променливите општествени очекувања.

Додека целокупниот фокус останува на превенцијата и одвраќањето во јавните финансии, се појави меѓународен тренд меѓу ревизорските тела поактивно да бидат вклучени во идентификувањето и следењето на измамите и корупцијата за да се одговори на реалните случувања на терен и да се премости јазот во очекувањата.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Ревизија за отчетност: Неискористен потенцијал во превенцијата и борбата против корупцијата