Застапеноста на граѓанското општество во изборните програми 2020 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Застапеноста на граѓанското општество во изборните програми 2020 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 13 korrik 2020 16:05

Дата: Јули, 2020 година
Автори: Александра Савевска
PDF: graganskoto-opstestvo-vo-izbornite-programio-2020.pdf

graganskoto opstestvo vo izbornite programio 2020Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку интегрираната платформа Мојот Избор цели да придонесе за фер и демократски избори, преку поддршка на професионалната и транспарентна работа на изборните органи, зајакнато професионално и етичко известување за изборите во медиумите и промоција на конструктивен демократски дискурс за време на кампањата и во текот на самиот изборен ден и по завршување на зборите.

За време на предвремените парламентарните избори во 2020 година се подготвија мултимедијални содржини за следење на изборните програми на политичките партии кои учествуваат во изборниот процес. Види повеќе на: https://mojotizbor.mk/izbori-2020.html.

Во овој извештај се анализира застапеноста на граѓанското општество во предизборните програми на политичките партии низ квантитативна и квалитативна призма. Во квантитативна смисла е согледано на колку страници се споменува граѓанско општество и дали постојат одделни делови за граѓанско општество за активности и мерки кои треба во иднина да се реализираат. Додека, за квалитативно согледување на заложбите на политичките партии - претенденти за добивање на парламентарниот мандат за период 2020-2024 - кон граѓанското општество, се анализирани 5 теми: Соработка со граѓанско општество;  Вклученост во креирање на јавните политики; Законска рамка за здруженија на граѓански и фондации; Финансиска поддршка за граѓанско општество и Социјален дијалог. Анализата се фокусира на идните планови на политичките партии и секаде каде што граѓанското општество се споменува во минати и веќе завршени иницијативи и веќе реализирани проекти не е земено во предвид.

Во македонската јавност и во стручните кругови не постои взаемно разбирање на концептот (дефиницијата) на граѓанското општество. Во овој извештај е употребена дефиницијата од Цивикус - Индексот на граѓанското општество во Македонија (МЦМС, 2009: Граѓанското општество е дел од општествениот простор надвор од семејството, државата и пазарот, кој е создаден од страна на индивидуални и колективни акции, организации и институции заради постигнување заеднички интереси. Според оваа дефиниција во граѓанското општество се опфатени здруженијата и фондациите, стопанските комори, организациите на работодавачите, синдикатите, политичките партии и верските заедници. Во овој извештај се земени предвид пред сè здруженијата и фондациите, како и стопанските комори, организациите на работодавачите и синдикатите. 

Резултатите се прикажани во табели посебно за секоја од петте теми на ниво на целиот примерок. Податоците се прикажани во дескриптивен текст и бројки низ графикони и табели. Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Застапеноста на граѓанското општество во изборните програми 2020