Водич за Добри практики за заштита на лицата кои пријавуваат - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Водич за Добри практики за заштита на лицата кои пријавуваат PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 06 shkurt 2017 15:32

Дата: 2016 година
ISBN: 978-608-4681-70-0
PDF: vodich-za-dobri-praktiki-za-zashtita-na-licata-koi-prijavuvaat.pdf

Vodich za Dobri praktiki za zashtita na licata koi prijavuvaatКонвенцијата на Обединетите нации против корупцијата содржи релевантни одредби кои ги поставуваат темелите за ваквите иницијативи и кои се детално наведени и објаснети во рамките на овој Водич.

Водичот објаснува зошто поттикнувањето и заштитата на лицата кои доставуваат информации за наводни случаи на коруптивно однесување се клучен елемент во борбата против корупцијата. Тој е наменет да им служи како ресурс за државите членки во спроведувањето на своите обврски од Конвенцијата во врска со помагање и заштита на луѓето, без разлика дали пошироката јавност или “укажувачите” – обично лицата кои работат во рамките на една организација (јавна или приватна) или индустрија каде што се случува нерегуларноста. 

Целите на овој Водич се да им се помогне на државите потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата и другите национални актери да утврдат какви законски односно институционални реформи може да бидат потребни за да се исполнат меѓународните барања; да ги утврдат расположливите ресурси и поддршка за оваа задача; и да се истакнат оние работи кои ќе треба да бидат постојано менувани согласно на новите можни предизвици.

Публикувањето на овој водич е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција. Содржината не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Водич за Добри практики за заштита на лицата кои пријавуваат