Развивање на балканското граѓанско општество |
![]() |
![]() |
![]() |
E mërkurë, 15 qershor 2016 16:16 | |||
Проектот ја следи овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во осум земји од регионот, со цел да се обезбеди конзистентен и континуиран притисок и да се артикулира гласот на граѓанското општество врз основните потреби за развој на секторот. Покрај тоа предвидено е адресирање на два специфични проблеми за развојот на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција, т.е политиките и процедурите на финансирање на граѓанското општество засновани на ЕУ правила и практики и економска и човечка вредност на секторот и стуруктури и практики на социјален дијалог. Директниот притисок кој ќе се врши низ активностите ќе биде надополнет со низа акции насочени кон зајакнување на граѓанското општество преку обезбедување експерти, споделување информации и градење капацитети. Со овој проект ќе бидат опфатени активностите кои се однесуваат и ќе се спроведуваат во Македонија, како и придонесот на МЦМС кон заедничките регионални перспективи. Општа цел на проектот e придонес кон овозможувачка околина за одржливо граѓанско општество. Цели на проектот се: зајакнување на капацитетите за следење и застапување за прашања поврзани со овозможувачка околина и одржливост на граѓанското општество на регионално и национално ниво и зајакнување на структурите за интеграција на граѓанските организации и учество во креирање ЕУ политики и пристапниот процес на национално и Европско ниво. Целна група на проектот се граѓанските организации, државни институции, јавноста и медиуми. Директни корисници се граѓанските организации и платформи на национално ниво, органи на државна управа, меѓу-владини институции особено ЕУ, и други засегнати страни. Резултати на проектот се: следена овозможувачка околина за развој на граѓанските организации; подобрени политики и процедури за финансирање на граѓанското општество; воспоставен структуриран дијалог меѓу граѓанско општество и органите на државна управа; промовирани алтернативни извори и модели за поддршка на граѓанското општество; поддржани грѓански организации преку Балкански фонд за јавни политки; подобрена комуникација и зголемена вклученоста во регионот. Периодот на спроведување на проектот е од 2 јануари 2015 г. до 30 ноември 2016 г. Вкупниот буџет изнесува 1.490.120 МКД.
|