24 Вести: Невладиниот сектор во земјава се повеќе поделен |
E diel, 11 nëntor 2012 00:00 | |||
Невладиниот сектор во земјава се повеќе поделен. Дел од граѓанските здуженија обвинуваат дека оние кои што не се под закрила на власта мака мачат кога треба да реализираат некакви проекти и да учествуваат во донесувањето на важни општествени одлуки. Велат за нив нема никој слух и покрај тоа што сакаат да придонесат во општеството. Регулативата на сите оние закони кои го засегаат граѓанскиот и невладиниот сектор во земјава функционира, но во пракса спроведувањето се уште не е целосно велат и од оделението за граѓанското општество МЦМС. Од таму тврдат дека невладините организации со кои владата соработува ги познаваат законските одредби и сето она што е во нивна надлежност, но правото на избор со која организација ќе соработува сепак ја има власта. Поделбата на невладиниот сектор и граѓанското општество се најде меѓу забелешките и во извештајот на ЕК за Македонија. Странските експерти до сега неколку пати апелираа на поголемо учество на граѓанските здруженија во донесувањето на важни општествени одлуки не зависно од тоа дали и кога земјава ќе добие датум за конечно отпочнување на преговорите за влез во Унијата. Извор: 24 Вeсти (11.11.2012)
|