Утрински весник: Јуручкото село Кучица доби водовод - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Јуручкото село Кучица доби водовод PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

ШТИП - Во изминатиот викенд потплачковичкото село Кучица, во атарот на Општина Карбинци, доби водовод. На свечениот чин во селото со триесет куќи и 150 жители од турската етничка заедница Јуруци присуствуваа и Амед Дурмиш од турската амбасада и Кенан Хасип, пратеник во парламентот и претседател на Демократската партија на Турците во Македонија. Водоводот во употреба го предадоа Боро Гаврилов, градоначалник на Карбинци, и Роман Пападимитров од невладината организација МЦМС, која во Македонија финансирала стотина објекти од комунален карактер, а беше и главен финансиер на овој водовод чијашто вредност изнесува 50.000 евра, од кои 95 отсто се донација на МЦМС.

Кучица е едно од најзафрлените села во овој дел на Македонија, но во последно време за подобар живот на неговите жители се остварени повеќе инвестиции. Во минатата година до селото беше изграден асфалтен пат, а годинава пристигна вода до секое домаќинство. Со овие комунални зафати ќе се запре и најавеното иселување на семејства од Кучица во Турција. Изет Тахири, претседател на Месната заедница, информира дека на Кучица сега и е потребен само уште телефон, па да ги има сите придобивки на современата цивилизација. Инаку, селото живее од сточарство и од тутунопороизводство. (И. Б.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Утрински весник: Јуручкото село Кучица доби водовод