Локалниот и руралниот развој во изборните програми - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Локалниот и руралниот развој во изборните програми PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 17 qershor 2011 14:46

Автори: Димче Митрески
Дата: јуни 2011 година
PDF:   lokalniot-i-ruralen-razvoj-vo-izbornite-programi.pdf

lokalniot-i-ruralen-razvoj-vo-izbornite-programiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори во рамките на интегрираната платформа Мојот избор 2011. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за локален и рурален развој.

Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите.

Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Анализата опфаќа две клучни компоненти од локалниот и рурален развој и тоа децентрализацијата како модел за пренос на ингеренциите од централно на локално ниво и јакнење на општините, и земјоделството кое е една од клучните гранки за руралниот развој.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени преку табели.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Локалниот и руралниот развој во изборните програми