Интеграцијата во ЕУ и во НАТО во изборните програми - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Интеграцијата во ЕУ и во НАТО во изборните програми PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 17 qershor 2011 14:07

Автор: Марија Теговска, Ивана Петкуќеска
Дата: мај 2011 година
PDF  eu-i-nato-vo-izbornite-programi.pdf

eu-i-nato-vo-izbornite-programiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори во рамките на интегрираната платформа Мојот избор 2011. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и Северноатлантската алијанса.

Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Со овој извештај се земени предвид деловите од програмите на политичките партии кои се однесуваат на предложени политики во областа на европската интеграција и влезот во НАТО.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку графикони и/или табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Интеграцијата во ЕУ и во НАТО во изборните програми