Општествената одговорност на граѓаните [медиуми] - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Општествената одговорност на граѓаните [медиуми] PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 07 prill 2011 16:42

МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и за општествената одговорност на граѓаните. Ве известуваме за резултатите од делот што се однесува на одговорноста за општествените прашања.

Државата ја доживуваме како мајка

Очекувањата од државата биле поголеми кај земјоделците (63 отсто), кај граѓаните од пониска класа (62,5 отсто) и кај етничките Албанци (56,8 отсто). Прашањето било дали за потребите треба да решава државата, граѓаните, приватниот бизнис-сектор или сите три заедно. Една третина испитаници се определиле за сите три сектори, седум отсто за граѓаните, а само три отсто за приватниот сектор. Поддржувачите на СДСМ имаат повисоки очекувања од државата (55,6 отсто), за разлика од тие на ВМРО-ДПМНЕ (39,6 отсто).

- Високите очекувања од државата говорат за етатистичка култура, како остаток од државниот социјализам, односно мала поддршка за устројување на Македонија како либерално-демократска држава - објаснуваат од МЦМС.

Извор: Нова Македонија

Граѓаните: Државата одговорна за нашите проблеми

Според одговорите на испитаниците, државата (50,5 %) сè уште е најодговорна за решавањето на општествените потреби. Вакви биле очекувањата и во 2009 година (51,9 %). Повисоки очекувања од државата постојат меѓу етничките Албанци (56,8 % во 2011 г., 61,1 % во 2009 г.), земјоделците (63 %) и граѓаните од пониска класа (62,5 %), известува Новинската агенција ИНА.

Извор: ИНА

Анкета, граѓаните: Државата одговорна за нашите проблеми

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и за општествената одговорност на граѓаните. Според одговорите на испитаниците, државата (50,5 %) сè уште е најодговорна за решавањето на општествените потреби. Вакви биле очекувањата и во 2009 година (51,9 %). Повисоки очекувања од државата постојат меѓу етничките Албанци (56,8 % во 2011 г., 61,1 % во 2009 г.), земјоделците (63 %) и граѓаните од пониска класа (62,5 %).

Извор: Бота сот

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Општествената одговорност на граѓаните [медиуми]