| E hënë, 30 mars 2009 10:16 | 
| Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, редовно ги анализира настаните на Блискиот Исток и на Балканот. Тања Хафнер Адеми, Координатор на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) ги презентира нејзините погледни на либерализацијата на Шенгенскиот визен режим во Западен Балкан. Нејзината статија насловена: „Зошто навистина е важно? И за кого? Либерализацијата на Шенгенскиот визен режим во Западен Балкан“ е публикувана во целост. | 
	| E premte, 27 mars 2009 12:17 | 
| Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС од Скопје денеска ги промовираше книгите „Феминистички почетоци на социјалната работа“ од Биљана Страмшак, „Граѓанските организации во Република Македонија“ од Симонида Кацарска, „Односите со јавноста на здруженијата на граѓани во Македонија“ од Маријана Иванова, „Успех во 10 чекори-создавање на Локален акциски план за прашањето на хендикепот“ од Африм Илјази и „Аспектите на човековата безбедност во Македонија - стари или нови војни“ од Ивана Томовска. | 
	| E mërkurë, 18 mars 2009 15:07 | 
| Медиумите покажаа висок интерес за вчерашната дебата што ја организираше коалицијата на граѓански организации Македонија без дискриминација со претседателските кандидати. За настанот известуваа осум телевизии, две радија, четири дневни весници и две агенции.  
 |