E premte, 30 prill 2010 14:44 |
Претставници на Собранието на РМ, на Министерството за внатрешни работи, на Народниот правобранител на РМ, на Управата за извршување санкции, Правниот факултет „Јустинијан I“ и на граѓанските организации во текот на мај ќе ја посетат Северна Ирска. Ова е втората студиска посета во рамките на проектот „Мост“ – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог.

Учесниците на студиската посета ќе ги посетат полициската служба, Одборот за условно казнување, Комисијата за спроведување на правдата, Полицискиот правобранител и неколку организации кои работат на полето на помирувањето и разрешувањето конфликти.
|