Уште една поддршка од институциите на Европската унија |
E premte, 14 mars 2008 01:00 | |||
[Прес соопштение] Европскиот економскиот и социјален комитет го одобри мислењето „Односите меѓу Европската унија и поранешната југословенска Република Македонија: улогата на граѓанското општество“ На 443 Пленарна седница на Европскиот економскиот и социјален комитет (ЕЕСЦ) одржана на 12 и 13 март 2008 година во Европскиот парламент е одобрено мислењето „Односите меѓу Европската унија и поранешната југословенска Република Македонија: улогата на граѓанското општество“. Мислењето е подготвено од известувачот г. Миклош Барабаш, Унгарија. Мислењето е одобрено од ЕЕСЦ со 125 гласа за, 1 глас против и 3 гласа воздржани. Во мислењето на ЕЕСЦ се препознава значајниот напредок што поранешната југословенска Република Македонија го направи во однос на развивањето и стабилизирањето на односите со ЕУ со крајна цел да и се приклучи на Унијата. ЕЕСЦ е подготвен да ја поддржи поранешната југословенска Република Македонија во нејзините напори да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ колку што е можно поскоро, пожелно уште во 2008 година. Во овој процес многу важна улога има формирањето на Заедничкиот консултативен комитет во рамките на ЕЕСЦ. Номинирањето на Македонските членови во ова заедничко тело треба да биде резултат на еден отворен, транспарентен и демократски процес. Исто така, треба да биде зајакната улогата на Македонскиот Економски и социјален совет односно тој да стане порепрезентативен и во него да земат учество сите засегнати страни коишто го покриваат широкиот спектар на граѓански организации.
|