Визното олеснување во Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Визното олеснување во Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 10 qershor 2008 01:00

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 10 јуни 2008 година, во Холидеј ин во Скопје одржа прес конференција на која информираше за проектот за набљудување на визното олеснување во Македонија.


Целта на проектот е подобрен пристап на граѓаните до шенгенскиот визен режим.

МЦМС, во почетокот на јуни ја започна анкетата помеѓу апликантите за виза во амасадите на земјите членки од ЕУ (Италија, Германија, Грција, Словенија, Австрија и Франција). Се очекува да биде направена 751 анкета со граѓани. Освен тоа, на 10 јуни се отвора инфо линија на која граѓаните ќе можат да ги кажат своите позитивни или негативни искуства искуства од спроведувањето на олеснетиот визен режим или да добијат  информации во врска со него.

Активностите кои се предвидени со проектот треба да ја подобрат информираноста на граѓаните за договорот за олеснување на визниот режим. Преку инфо линијата, тие ќе ја имаат можноста да се јават на телефон каде што искусни луѓе ќе им дадат објаснувања на нивните прашања во врска со новите барања за виза. Граѓаните ќе можат да се информираат за нивните права во врска со новиот договор за олеснување на визниот режим но и да ги кажат своите искуства од процесот на барање виза. Информациите добиени од граѓаните ќе ја разјаснат дилемата дали новиот договор за олеснување на виза функционира и дали конзулатите го спроведуваат како што треба.

Колку повеќе повици примиме, поголемо ќе биде влијанието во расправата за ослободување од визниот режим. Секое јавување на инфо линијата, секое искуство ќе биде официјално регистрирано и ќе биде употребено да го забрза процесот за ослободување од виза.   

Проектот ќе ги опфати категориите граѓани за кои е олеснет визниот режим (студенти, учесници на научни, истражувачки, културни и уметнички настани, членови на граѓански организации, новинари, спортисти, бизнисмени, шофери, блиски роднини, членови на железничката линија, членови на религиозните заедници, луѓе на медицинска посета, луѓе во посета или на погреб, туристи).

Резултатите од активностите ќе бидат презентирани на работилница во Брисел на која ќе учествуваат претставници на Европската комисија, Европскиот Парламент, Советот на министри и земјите членки ЕУ. 

Проектот ќе се спроведува истовремено во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Визното олеснување во Македонија