Постигнувањата во 2006 и плановите за 2007 на МЦМС - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Постигнувањата во 2006 и плановите за 2007 на МЦМС PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 26 qershor 2007 13:31

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), денес, на 26 јуни 2007 година, во х. Холидеј ин во Скопје, одржа прес конференција, каде ги презентира постигнувањата во 2006 година и плановите за 2007 година.

Во 2006 година, МЦМС реализираше 72 проекти во 10 програми, со вкупен буџет од 95 милиони денари (околу 1,5 милиони евра). Во своите програми МЦМС работеше со повеќе целни групи. МЦМС работи во неколку сектори, и тоа: Граѓанско општетсво и демократија; Водоснабдување и санитација; Образование; Вработување и генерирање приходи и Односи меѓу заедниците и Балкан.

Во Граѓанско општество и демократија беа поддржани 7 стратешки партнери, обучени 567 активисти на граѓански организации, издадени се 11 броја на списанието Граѓански свет, како и одржување на веб страницата www.graganskisvet.org.mk. Исто така се реализира програма во партнерство со членки на Граѓанска платформа на Македонија и беше дадена поддршка на процесот на изготвување и донесување на Стратегијата на Владата за соработка со граѓанското општетсво.

Во секторот Водоснабдување и санитација беше подобрено водоснабдувањето и санитацијата за 2,000 жители. А започна и нова програма која ги опфати општините: Штип. Крива Паланка, Дебар и Центар Жупа. Беа обучени 97 лица и беше подготвена студија за состојбите во фикус заедниците.

Во секторот Образование беше направена оценка на петгодишната програма за образование на Роми и беше дадена организациска и програмска поддршка на  мрежата Рома 2002.

Во делот на Вработување и генерирање приходи МЦМС раководи со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).

Во секторот Одоноси меѓу заедниците и Балкан беше подобрена меѓурелигиската соработка. Беа одржани 9 разменски предавања, поддршка на меѓурелигиска конференција, студиска посета во Северна Ирска за претставници од црквите и верските заедници и организиран летен камп за 17 студенти. Беше формирана лоби група за заштита на малсцинствата на локално ниво (10 пратеници од различни партти). Беа организирани курсеви по англиски јазик и компјутери за 569 поранешни борци. На обуката на работно место поминаа 138 поранешни борци, од кои 30% ја задржаа работата. Продолжија активностите во рамките на мрежата со 12 партнери од 7 балкански земји. Подготвени се планови за локален развој за Гостивар, Призрен и Кукс.

Во 2006 година МЦМС беше примена за член со консуултативен статус во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК.

Во планот за 2007 година се испланирани 52 проекти во 10 програми, со вклупен буџет од 105 милиони денари.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Постигнувањата во 2006 и плановите за 2007 на МЦМС