Владата направи стратегија за соработка со граѓанскиот сектор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Владата направи стратегија за соработка со граѓанскиот сектор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 22 shkurt 2007 01:00
q1Денес (21.02.2007) во Владата на Република Македонија беше промовирана Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Донесувањето на стратегијата го поздравија и Даниела Трајанова, Генерален секретар на Владата на Македонија и Ерван Фуере, Амбасадор на ЕУ во Македонија. Стратегијата ја презентираше Сузана Никодијевиќ - Филиповска, раководител на секторот за анализа на политиките и координација при Генералниот секретаријат на Владата.
Донесувањето на Стратегијата е предвидено во „Самиот документ е доказ дека Владата се зазема системски да ги унапреди односите со граѓанскиот сектор“, рече Сузана Никодијевиќ – Филиповска во својот вовед.
Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европската Унија  го предвидува усвојувањето на оваа Стратегија. „Усвојувањето на Стратегијата е придонес кон зачленувањето на Македонија во Европската Унија“, смета Даниела Трајановска, Генерален секретар на Владата на Република Македонија. Според неа, со Стратегијата „започнува нов однос во соработката меѓу Владата и граѓанскиот сектор“.

q2На присутните им се обрати и г. Ерван Фуере, Амбасадор на ЕУ во Македонија. „Ова е важна порака што Владата и ја испраќа на целата земја и на Европската Унија. Стратегијата означува еден конкретен и практичен чекор во воспоставувањето на постојан дијалог и партнерство меѓу Владата и граѓанскиот сектор“, додаде тој. Амбасадорот Фуере посебно ги нагласи принципите на соработка: взаемната доверба, партнерството, учеството и консултациите, транспарентноста, независноста и одговорноста.

Два дена пред јавната презентација, Стратегијата им беше презентирана на државните секретари и советници.
 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Владата направи стратегија за соработка со граѓанскиот сектор