Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 09 mars 2026 09:43

Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата.

Александар Кржаловски, лидерот на тимот на програмата и директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), зборуваше за развојот на Цивика мобилитас, најголемата програма за поддршка на граѓанското општество во земјата, поддржана од Владата на Швајцарија во последните речиси две децении.
NASLOVNA 1

Осврнувајќи се на контекстот и средината во која функционираат граѓанските организации, Кржаловски ги презентираше податоците од Индексот на граѓанското општество (Civil Society Index), кој е дел од глобалната методологија на ЦИВИКУС (CIVICUS – World Alliance for Citizen Participation), што МЦМС го спроведува од 2006 година. Исто така, за гостинката од Швајцарија беа интересни и податоците од мерењето на довербата во граѓанското општество, како индикатор за перцепцијата за улогата и влијанието на граѓанскиот сектор и организациите во општеството. Една од главните теми на дискусијата беше државното финансирање на граѓанските организации, не само како прашање на финансиска поддршка, туку и како потреба од воспоставување транспарентен систем што ќе овозможи градење доверба меѓу организациите и институциите на централно и локално ниво. Во тој контекст беше разговарано и за тоа колку од државниот буџет е наменет за граѓанското општество, а колкав е процентот на тие средства од вкупните приходи на ГО.

4f 1024x564

Една од темите за дискусија беше и процесот на капитализација, кој треба да ги опфати резултатите постигнати во речиси 20-годишното спроведување на програмата. Преку овој процес ќе се направи поширока анализа на постигнувањата, земајќи го предвид контекстот во кој се реализирале активностите и нивната поврзаност со клучните општествени случувања во земјата.

Беше презентирана и временската линија на капитализацијата, развиена како дигитална алатка за полесна навигација низ резултатите постигнати низ годините.

Северин Доне-Декарт го оцени дигиталниот приказ на грантовите (dashboard) како „интересна алатка за прикажување и транспарентност“. Алатката е подготвена од тимот на Цивика мобилитас и овозможува преглед на поддржаните организации, типовите грантови, тематските области и регионалната покриеност на активностите. Ова е осбено корисно со оглед на тоа што програмата е значително насочена кон финансиска поддршка на граѓанските организации.

2 edited

Доне-Декарт беше информирана дека финансиската поддршка се обезбедува во сите региони, при што организации од различни општини имаат можност да добијат грант доколку ги исполнуваат договорните обврски/услови, независно од големината или времетраењето на нивното постоење.

Тимот на Цивика мобилитас ја потврди добрата комуникација и известување за постигнувањата на грантистите, изразувајќи благодарност за досегашната поддршка на Швајцарија за граѓанското општество.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ