Клучно е уште во образовниот процес младите да се поттикнуваат на претприемништво - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Клучно е уште во образовниот процес младите да се поттикнуваат на претприемништво PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 06 mars 2025 00:00

“Клучно е уште во образовниот процес, особено преку практикантството, младите да се поттикнуваат на претприемништво“, беше главниот заклучок од дискусиите на воведниот настан на проектот “Коалиција млади-поддршка за локалниот бизнис“, кој се одржа на 28 февруари 2025 година во салата на Општинскиот комитет во Куманово. На овој настан, претставници од општина Куманово, граѓански организации, бизнис-секторот, Агенцијата за вработување, Центарот за социјална работа, студенти, невработени лица и други релевантни чинители дискутираа за значењето на младинското учество во локалните бизнис-процеси и претприемачки иницијативи.

viber image 2025 05 12 15 33 54 611 MCMS

 Ндерим Јашари од Агенцијата за вработување од Куманово зборуваше за активните мерки за вработување и претприемништво посочувајќи притоа вредни совети за започнување сопствен бизнис, а зборуваше и за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за минатата година. Сите евидентирани невработени лица и работодавачи имаат пристап до програмите, односно мерките и услугите за вработување. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка и услуга за вработување, а како општо правило се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 40% секоја од програмите и мерките и услугите за вработување.

Ерди Мемети од Центарот за социјални работи од Куманово ги образложи социјалните мерки за младите, особено за оние од ранливите категории, во насока на нивно економско зајакнување.

На дискусијата за социјалните мерки се надоврза Донка Петровска, раководителка на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој при општина Куманово, зборувајќи за можностите за аплицирање на локални фондови од оваа област, посебно задржувајќи се на повикот за поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на општина Куманово. Исто така, таа зборуваше и за локалните стратегии за поддршка на младите претприемачи. Во општина Куманово има формиран Младински центар, рече таа, истакнувајќи дека, меѓу другите релевантни чинители, многу е важно и овој центар да го даде својот придонес  за поддршка на младите претприемачи. Особено треба да се посвети внимание да останат дома оние млади кои имаат стручно образование, а сакаат да одат во странство, рече таа. Во таа насока, општината, заедно со сите релевантни чинители треба да прават континуирани напори за нови инвестиции, да се работи во насока на олеснување на административните процедури и давачките, како и инфраструктурни зафати во индустриските зони: изградба на водоводна  мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба  на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување на режим на сообраќај и осветлување на дел од внатрешни сообраќајници во зоните и слично. Реализирањето на ваков тип инфраструктурни проекти претставува значајна можност и голем потенцијал, кој ќе донесе поволности за просперитет на сите наши граѓани.  

viber image 2025 05 12 15 33 54 082 MCMS

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Коалиција млади-поддршка за локален бизнис“, проект спроведуван од Институтот за демократија и развој – Пулсот на Демократијата Куманово во партнерство со Институт за владеење на правото Скопје. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”  финансиран од Европската Унија. Содржината на дискусиите на овој настан не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Клучно е уште во образовниот процес младите да се поттикнуваат на претприемништво