Спасете нè, заради ВАС - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спасете нè, заради ВАС PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 25 korrik 2024 09:55

Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше„Спасете не, заради вас“! Во основно училиште, во тоа време, како и надвор од него, не се зборуваше многу за животната средина, ама уредниците на списанието изгледа биле чекор понапред од другите.

magazin 1080 x 720 px 1

Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше„Спасете не, заради вас“! Во основно училиште, во тоа време, како и надвор од него, не се зборуваше многу за животната средина, ама уредниците на списанието изгледа биле чекор понапред од другите.

Во тримесечието што го оставивме зад нас го одбележавме Меѓународниот ден на животната средина. Иако оваа година одбележувањето беше посветено на борбата против опустинувањето, ова е добра прилика да се осврнеме и на сите други аспекти од заштитата на планетата која за сега е единствениот познат дом на човештвото  какво што го познаваме. Шумите, водите, воздухот, почвата, сите живи суштества што ја населуваат планетата, целиот тој екосистем, го заслужува секојдневното внимание и грижа на нас луѓето кои сме единствено одговорни за неговото постојано уништување.

Констатацијата не е радикална. Тоа го покажуваат различни научни истражувања кои се однесуваат на исчезнувањето на одредени видови, на пресушувањето на извори на вода, на континуираното зголемување на просечната температура итн. На пример, анализите кои ги направил Центарот за климатски промени (ЦКП) за промената на температурата во следните 40 години покажуваат дека се очекува во летните периоди просечната температура да биде повисока дури за 6˚ C во однос на сегашната. Порастот на температурата се очекува дека ќе предизвика почести температурни разлики, екстремни временски настани како што се бура, град, поројни дождови и поплави како резултат на огромни количини дожд за краток временски период но, и ветришта со се поголем интензитет. Би рекле дека иднината ни е сегашност.

Паралелно со загрижувачките податоци за уништувањето на планетата кои се резултат на нашето неодговорно однесување, сведоци сме на различни теории кои не се ништо друго туку алиби за актуелната состојба. Ќе слушнете дека тоа е природен процес кој нема ништо со луѓето, дека климатските промени се измислена работа и дека планетата ќе најде начин да се справи со оваа состојба. Ваквото свесно затворање очи и разум пред толку очигледните проблеми кои сите не засегаат е се само не одлика на најсвесниот вид кој ја населува планетава.

Време е да се запрашаме ние на која група и припаѓаме: на онаа со загрижените за злоделата врз животната средина, на онаа со тнр. конспиративци или сме само неми набљудувачи на случувањата. Време е да се запрашаме што правиме ние лично за ова прашање и дали тоа завршува со објави на социјални мрежи. Не, не велам дека тоа е лошо, само дека не е доволно, не повеќе.

Граѓанските организации се меѓу најгласните во барањето одговорност, во подигнувањето на свеста на целата јавност и нудењето решенија за проблемите со животната средина. Но треба да одиме чекор понатаму, треба да ја преземеме личната, индивидуалната одговорност и да водиме со личен пример. Да се прашаме себе си, што правам јас за да ги намалам лошите влијанија, да дадам личен пример на другите. Дали селектирам отпад, дали влијаам на другите да го прават тоа, дали алармирам кога ќе забележам дива депонија, дали пријавувам, дали има реакција на моето пријавување, што ако нема, се откажувам или продолжувам?

Безброј акции можеме да преземеме секојдневно сами, заедно со другите или заедно со соседите од заедницата во која живееме или пошироко. Да ја заштитиме животната средина, заради нас. Да направиме исчекор, да бидеме пример што вреди да се следи! Пријатно читање!

Погледнете што нуди новиот број Граѓаните за промена“ #17, а во случај да го пропуштивте претходниот број на магазинот, прочитајте на овој линк.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Спасете нè, заради ВАС