Кичевчани не се плашат да пријават случаи на корупција. А вие? |
E premte, 03 nëntor 2023 13:55 | |||
Дали сте слушнале за Мобилната редакција на ИРЛ? Оваа недела тимот на ИРЛ се во Кичево каде со јавен повик ги канат граѓаните да ги кажат нивните проблеми и пријават случаи на корупција. Идејата на „Мобилната редакција“ на ИРЛ е да се разоткријат случаи и проблеми поврзани со корупција на локално ниво, и воедно да им се даде можност на граѓаните да бидат слушнати, особено во помалите градови каде недостасува медиумското присуство и покриеност на вакви теми. Идејата на „Мобилната редакција“ на ИРЛ е да се разоткријат случаи и проблеми поврзани со корупција на локално ниво, и воедно да им се даде можност на граѓаните да бидат слушнати, особено во помалите градови каде недостасува медиумското присуство и покриеност на вакви теми. Уште во првиот час од објавата дека тимот на ИРЛ е во Кичево, дури осум случаи беа пријавени од граѓаните а 26 граѓани разговарале со новинарите. Вкупно 44 случаи и проблеми се пријавени со пораки на социјалните мрежи во првите два дена од работата на тимот на ИРЛ во Кичево. Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во проектот преку споделување на проблемите со кои се соочуваат на официјалните канали на социјалните мрежи на ИРЛ: Оваа активност е дел од програмата „Граѓаните против корупција“ поддржана од УСАИД што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Центар за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).
|