Стратешко позиционирање на Заедницата на демократии - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратешко позиционирање на Заедницата на демократии PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 25 gusht 2023 11:27

МЦМС учествуваше на годишната средба на граѓански организации од Задницата на демократии која се одржа на 31 јули и 1 август оваа година во Панама. Организатор на средбата беше Редлад – мрежа за демократија од Латинска Америка и Карибите, Секретаријат на Столбот на граѓанското општество при Заедницата на демократии.

viber image 2023 08 25 09 03 16 426

Во текот на дводневниот настан, граѓанските организации дискутираа за следниот стратешки план на Заедницата на демократии и дадоа предлози за јакнење на Столбот на граѓанското општество, за процесот на обновување на членство во коалицијата, за работата на работните групи и останатите тела во Платформата. Учесниците споделија и добри иновативни практики за подобрување на демократијата, владеењето на правото и зголемувањето на граѓанскиот простор (civic space).

За време на конференцијата која се одржа на 1 август во Министерството за надворешни работи на Панама, на учесниците им се обрати и Министерката за надворешни работи на земјата, Јанаина Тевајне Менком. Таа ја истакна владината заложба за поддршка на граѓанското општество во државата и напорите Панама да стане официјална членка на Заедницата на демократии. Конференцијата се фокусираше на трендовите во демократијата во Азија, Африка, Латинска Америка и Европа и можностите за поактивно делување на Заедницата на демократии.

„Влошувањето на демократијата е видливо во неколку земји од Источна Европа, како што се Унгарија и Полска кои се дел од Заедницата на демократии. Затоа во планот за работа на Заедницата на демократии треба да се планираат активности за обезбедување поддршка на граѓанските организации од овие земји“ – истакна Валентина Величковска од МЦМС во своето излагање за предизвиците и трендовите во демократијата во Источна Европа и Западен Балкан.

Минатата година МЦМС беше избрана за централна точка (focal point) од Македонија во Столбот на граѓанското општество на оваа глобална меѓувладина коалиција на демократски држави и платформа за дијалог и дискусија. 

viber image 2023 08 25 09 04 19 396

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Стратешко позиционирање на Заедницата на демократии