МЦМС стана фокусна точка на Заедницата на демократии за Македонија |
E premte, 04 nëntor 2022 10:33 | |||
Заедницата на демократии (ЗД) е меѓународна коалиција на земји кои се посветени на демократските принципи од Варшавската декларација чија цел е зајакнување на транспарентноста и јавното учество во светот. Заедницата на демократии се состои од Управен совет и Столб на граѓанското општество. Управниот совет е главното тело за одлучување на Заедницата, додека Столбот на граѓанското општество го претставува граѓанското општество во Заедницата на демократии и ги советува владите за активностите потребни за да му се овозможи на граѓанското општество да работи слободно, за зајакнување на демократијата, за владеењето на правото и заштитата на основните права содржани во Варшавската декларација. Воспоставена во 2000 година, Заедницата на демократии ги обединува владите, граѓанското општество и приватниот сектор во остварување на заедничката цел за поддршка на демократските правила и зајакнување на демократските норми и институции ширум светот, главно преку Управниот совет и граѓанското општество. Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе има двегодишен мандат како Фокусна точка на контакт помеѓу Столбот на граѓанското општество и македонската влада како земја членка на Управниот совет. Во оваа улога, МЦМС ќе воспостави врска со Фокусна точката на Владата за Заедницата на демократии и редовно ќе се состанува со одговорниот од Владата за да го пренесе ставот на Секретаријатот на Меѓународниот комитет за прашањата што доаѓаат пред Управниот совет. МЦМС ќе биде главен претставник на македонските граѓански организации во Секретаријатот на Меѓународниот комитет. На 19 и 20 септември 2022 година, Александар Кржаловски, директорот на МЦМС учествуваше на состанокот на Столбот на граѓанското општество на Заедницата на демократии во Њујорк што се одржа на маргините на 77 Генерално собрание на ООН.
|