Работењето заедно е успех - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работењето заедно е успех PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 09 qershor 2022 08:46

Претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ги подобруваа вештините за тимска работа на обуката што се одржа од 7 до 9 јуни 2022 година, а за нив ја организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во тридневната работа тие се фокусираа на јакнење на организациските вештини, тимската ефикасност, трансформирањето конфликти, решавањето проблеми итн.  

viber image 2022 06 09 08 58 51 053

За време на обуката учесниците/чките зборуваа за своите улоги во тимот. Благодарение на позитивната атмосферата која се создаде тие ги тестираа своите способности и се соочуваа со сопствените јаки и слаби страни. Претставниците на КСЗД откриваа нови работи за себе, научија да применуваат нови пристапи во меѓусебните релации, но исто така научија како да извлечат лекции од евентуалните грешки. 

„Функционирање како тим е основниот предуслов од кој зависи продуктивноста и успехот на секоја организација“, вели Емилија Пападимитров од Комисијата. Таа додава дека обуката за тимска работа, им помогнала да разберат како да ги применат основните процеси и алатки за градење на соработка и доверба, посветеност во групата, но и како да го зајакнат сопствениот капацитет  и да креираат синергија во извршувањето на задачите.

viber image 2022 06 09 09 40 09 165

Обуката се реализира по методологија за неформално образование и учење преку искуство, а при обработувањето на темите се користеа повеќе пристапи како што се студиите на случај, играњето улоги, интерактивните дискусии, работа во парови или групи итн. Учесниците повремено беа ставани во тимски практични предизвици кои помагаа да се интензивира тимската динамика. Обуката ја водеше  проф. д-р Лазар Ѓуров, вонреден професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје чија специјалност се индивидуалниот и организацискиот развој.

 

Оваа обука е дел од проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, кој е финансиран од Европската Унија. Главната цел на проектот е да придонесе кон зајакнување на институционалниот одговор за борба против дискриминацијата и неправедниот третман кон маргинализираните групи и граѓани. 

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Работењето заедно е успех