Тематски форум на Цивика мобилитас: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“ |
E premte, 26 nëntor 2021 10:30 | |||
Ве покануваме на Тематскиот форум на Цивика мобилитас на тема: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“ што ќе се одржи на 26 ноември 2021г. (петок) во 13 часот, онлајн, преку платформата ZOOM. Целта на форумот е да поразговараме за тоа каква е и како може да се подобри соработката помеѓу граѓанските организации и општините, земајќи предвид дека имаат иста целна група, граѓаните. На настанот ќе зборуваат претставници на три граѓански организации и тоа: Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации; Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот и Слаѓан Пенев од ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација. Нивните излагања ќе се однесуваат на досегашната соработка со општините, поддршката во подготовка на стратешки документи, функционирањето на инспекциските служби на локално ниво, отвореноста на општините и можностите за соработка преку нив и со нивните јавни претпријатија. Покрај нив, на Форумот ќе се обрати и Душица Перишиќ, извршна директорка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). На Форумот поканивме и повеќе градоначалници, да ги споделат своите искуства или визии за соработката со граѓанските организации. На Тематскиот форум ќе учествуваат претставници на грантистите на Цивика мобилитас и на другите граѓански организации како и други заинтересирани страни.
|