БЦСДН Регионален извештај за мониторинг матрица 2020: Oграничување на граѓанскиот простор во Западен Балкан во време на пандемија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

БЦСДН Регионален извештај за мониторинг матрица 2020: Oграничување на граѓанскиот простор во Западен Балкан во време на пандемија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 28 korrik 2021 12:00

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) со задоволство го најавува објавувањето на Регионалниот извештај за мониторинг матрица (ММ) за Овозможувачка околина за развој на граѓанското опшество за 2020 година, испитувајќи го развојот на граѓанското општество во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија).

MM report photo 210x300

Обележана со КОВИД-19 пандемијата, 2020 година беше исклучително предизвикувачка година за земјите од Западен Балкан. Некои од заедничките трендови на овие земји опфатени во регионалниот извештај на ММ се нападите против основните човекови слободи, пристапот до финансирање и недостатокот на финансиска поддршка, ограничен дијалог со јавните власти и недостаток на транспарентност во застапеноста на граѓанските организации во меѓусекторските тела. Извештајот се осврнува и на проблематичното законодавство против перење пари во некои земји, фискалниот и даночен третман на граѓански организации, не доволно стимулирачки политики за вработување и волонтирање итн. И покрај предизвиците, извештајот нагласува дека граѓанските организации имале значајна улога во обезбедувањето социјални услуги за разни корисници и заштита на ранливите групи низ целиот регион.

Клучните наоди и препораки на извештајот исто така ќе бидат презентирани на онлине настан на 12 јули 2021 година (понеделник) во 11 часот. За да бидете дел од овој настан, регистрирајте се ТУКА.

Матрицата за мониторинг се занимава со 3 клучни области: Основни слободи, финансиска одржливост на ГО, и односите на ГО-Влада. Таа има за цел да овозможи вклучување на граѓанското општество во креирањето политики и ефективно учество во постојните структури за дијалог, како начин за потранспарентни и поквалитетни реформски политики и процеси, што ќе доведе до создавање на овозможувачка околина.

Овој извештај е дел од активностите на проектот „Заштита на граѓанскиот простор - Регионален центар за развој на граѓанското општество“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка (Сида) и имплементиран од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во соработка со нејзините организации-членки од Западен Балкан.

Прочитајте повеќе и преземете го извештајот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme БЦСДН Регионален извештај за мониторинг матрица 2020: Oграничување на граѓанскиот простор во Западен Балкан во време на пандемија